Vrabotuvanje.com - АХВ: Спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

АХВ: Спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња

Кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година

АХВ: Спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња

Инспектори  од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни  пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори.

Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е повлекување на истите од промет. Извршен е преглед на содржината на 62 новогодишни пакетчиња. Кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година.

Констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.

На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување. За констатираните неправилности, издадени се решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.

Извор: meta.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje