Vrabotuvanje.com - Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2025
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2025

Почна пријавувањето за Скопскиот маратон 2025

Пријавувањето за 21. издание на Виз Ер Скопски Маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври, 2025 година почна денес. Заинтересираните можат да се пријават преку официјалната веб-страница на маратонот на линкот http://skopskimaraton.com.mk. 

Повторно ќе има четири трки: маратон, полумаратон, трка на 5 километри и штафетен маратон.

Првиот рок за пријавување по најповолна цена е до 10 февруари, 2025 година. Последниот рок за пријавување е до 19 септември, 2025, а сите учесници кои ќе се пријават до 29 август 2025 ќе добијат маица со логото на трката во својот стартен пакет.

Сите учесници кои ќе ја стартуваат трката на 5 октомври ќе добијат вредносен ваучер од 20 евра од генералниот спонзор на маратонот „Wizz Air“. 

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje