Vrabotuvanje.com - 30 години подоцна: Мараја Кери и нејзиниот најпознат божиќен хит заработуваат милиони
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

30 години подоцна: Мараја Кери и нејзиниот најпознат божиќен хит заработуваат милиони

30 години подоцна: Мараја Кери и нејзиниот најпознат божиќен хит заработуваат милиони

И 30 години подоцна, Мараја Кери и нејзиниот веќе легендарен хит „All I Want for Christmas Is You“ се неизбежен декор за новогодишните и божиќните празници. Имено, „Билборд“ проценува дека пејачката минатата година заработила 1,86 милиони долари од песната.

Така, песната објавена 1994 година, само за 2023 година би можела да надмине 100 милиони долари во вкупна заработка. А пак, истражување на „Економист“ од 2016 година, посочува дека американската пејачка заработувала во просек 2,5 милиони долари од хонорари секоја година.

„All I Want for Christmas Is You“ постави три Гинисови рекорди во 2019 година, вклучувајќи го и насловот на најстримуваната песна на „Спотифај“ (Spotify) во 24 часа. Во таа смисла, во декември 2018, била пуштена повеќе од 10,8 милиони пати, а тој рекорд повторно е соборен во 2022 година со 21,3 милиони стримови. Песната достигна една милијарда пуштања на „Спотифај“ во декември 2021 година. Редовно го достигнува број 1 на „Билборд хот 100“ во последните четири години.

Познатата поп-пејачка има издадено и други божиќно-новогодишни песни, но се чини, ниедна не ја достигна таа светска слава.

Според „Селебрити нет ворт“ (Celebrity Net Worth), Мараја Кери има богатство со нетовредност од 350 милиони долари.

Извор: kurir.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje