Vrabotuvanje.com - На uslugi.gov.mk: Отсега уверение за државјанство по електронски пат
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

На uslugi.gov.mk: Отсега уверение за државјанство по електронски пат

На uslugi.gov.mk: Отсега уверение за државјанство по електронски пат

Министерството за внатрешни работи ја промовираше услугата за електронско издавање уверение за државјанство, која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

– Услугата која и досега беше достапна на порталот, иако можеше да се аплицира во секое време, сепак, издавањето е-државјанство беше можно само во работното време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните можат да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е сè во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот – информираат од МВР .

Велат дека издавањето уверение за државјанство на овој начин ќе ја намали можноста од корупција од која страда нашето општество, така што, преку дигитализацијата, се води и борба со корупцијата.

Националниот портал uslugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од Министерството за дигитална трансформација. Тој е централен портал, каде што се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje