Vrabotuvanje.com - Најголемата санта мраз на светот би можела да се распадне за месец дена
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Најголемата санта мраз на светот би можела да се распадне за месец дена

Најголемата санта мраз на светот би можела да се распадне за месец дена

Научниците предвидуваат дека најголемата санта мраз во светот, А23а, ќе се распадне за еден месец, откако излезе од вителот каде беше заробена од јануари 2024 година, и тргна кон Антарктикот, пренесува Анадолија.

А23а се одвоила од ледениот гребен Филхнер-Роне во 1986 година, а по 34 години мирување, во 2020 година океанските струи ја поместија кон Веделовото Море. Ослободена од вителот во декември, сега се движи кон Антарктикот.

Ендрју Мејерс од БАС изјави дека главна улога во движењето на сантата мраз имале силните струи и ветрови. А23а сега е во антарктичката циркумполарна струја и се движи кон Јужна Џорџија, каде се очекува да пристигне за еден месец.

Зголемените температури на океаните ќе го забрзаат нејзиното топење, а сантата би можела да влијае на екосистемот, носејќи хранливи материи, но и да ги попречи пингвините и фоките во Јужна Џорџија.

Мејерс нагласува дека формирањето санти мраз е природно, но зачестеното топење на ледените плочи е резултат на климатските промени предизвикани од човековата активност.

Извор: racin.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje