Vrabotuvanje.com - Последен рок за исплата на К-15: Фирмите имаат уште два дена за исплата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Последен рок за исплата на К-15: Фирмите имаат уште два дена за исплата

До крајот на годината вработените треба да добијат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15.

Последен рок за исплата на К-15: Фирмите имаат уште два дена за исплата

К-15 се пресметува врз основа на просечната нето или бруто плата во изминатите три месеци (40% од износот). За да добие регрес за годишен одмор работникот мора да бил ангажиран кај истиот работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година.

Фирмите имаат рок до 31 декември за исплата на К-15, во спротивно може да заработат глоби до 4.000 евра.

И покрај сериозните глоби, дел од газдите не исплаќаат К-15. Најчестата злоупотреба е префрлање на парите на трансакциска сметка, но со обврска работникот да ги му ги врати на газдата во кеш. Луѓето се плашат за своето работно место, па често без да се побунат го прават токму ова.

Законската обврска за исплата на регрес за одмор беше укината во 2005-та и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор, повторно се воведе во 2014-та.

„Работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа, утврдени со закон и колективен договор и тоа: регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор“, стои во Општиот колективен договор.

Извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje