Vrabotuvanje.com - Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во текот на 2024 година
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во текот на 2024 година

Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во текот на 2024 година

Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во 2024 година и ќе достигне 8.09 милијарди на крајот на годината, според проценката објавена денеска од Бирото за попис на САД.

Зголемувањето од 0.9 проценти во 2024 година претставува мало намалување во однос на стапката во 2023 година, кога светската популација порасна за 75 милиони луѓе.

Во јануари 2025 година, во светот се очекува секоја секунда да се раѓаат по 4.2, а да умираат по двајца луѓе.

Бројот на жители на САД порасна за 2.6 милиони луѓе во 2024 година, а на Нова година ќе достигне 341 милион луѓе, објави Бирото за попис.

Претстојниот јануари, во САД се очекува да има по едно раѓање на секои 9 секунди и една смрт на секои 9.4 секунди.

Миграцијата ќе додаде по едно лице на населението во САД на секои 23.2 секунди.

Комбинацијата на раѓања, смртни случаи и нето меѓународна миграција ќе ја зголеми популацијата на САД за едно лице на секои 21.2 секунди, се додава во соопштението.

Извор: Н1

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje