Vrabotuvanje.com - Во Новата година со минимално зголемена цена на струјата, и понатаму останува дневна евтина тарифа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во Новата година со минимално зголемена цена на струјата, и понатаму останува дневна евтина тарифа

Во Новата година со минимално зголемена цена на струјата, и понатаму останува дневна евтина тарифа

Цената на електричната енергија за домаќинствата од денеска е поскапа за 0,92 проценти. Во првиот блок е повисока за 0,68 проценти, во вториот за 0,9, во третиот за 1,93 и во четвртиот за 2,24 проценти, a евтината тарифа е поскапа за 0,9 проценти. Со тоа граѓаните ќе имаат минимално зголемување на сметките, а евтината дневна тарифа најмалку до пролетва останува од 13 до 15 часот. Просечно семејство кое досега имало сметка од 2.300 денари сега ќе треба да одвои само плус 21 денар за нејзино покривање. 

Ова се овозможи откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) првпат го искористи контролниот механизам при определувањето на цената на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи зошто универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, побара цената на електричната енергија за домаќинствата од 1 јануари да се зголеми за 4,4 проценти. Претходно РКЕ за седум проценти ја намали и мрежарината, а ЕСМ  понуди цена од 62 евра за мегават час и покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини на тендерот на универзалниот снабдувач.

РКЕ и лани во јуни донесе одлука за минимално зголемување од 0,4 отсто на цената на струјата од 1 јули до крајот на 2024 година. При тоа цената на електрична енергија за домаќинствата во прв блок остана иста, во втор блок имаше зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок од 1,88 проценти, а цената на евтината струја се зголеми за 0,65 проценти. 
 
Како што веќе најави претседателот на РКЕ, до пролетва ќе нема промена на временскиот период во кој домаќинствата може да користат евтина дневна тарифа за електрична енергија. Домаќинствата евтина тарифа на електричната енергија може да користат секој ден во периодот од 13 до 15 часот и од 22 до 7 часот, како и цел ден во недела.
Извор: nezavisen.mk
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje