Vrabotuvanje.com - Ова и понатаму е најбараното занимање во Хрватска - нема промени веќе една година
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ова и понатаму е најбараното занимање во Хрватска - нема промени веќе една година

Ова и понатаму е најбараното занимање во Хрватска - нема промени веќе една година

Во Хрватска речиси нема промена во рангирањето на петте најбарани занимања за една година. Така, најбарани биле продавачите, готвачите ги претекнале келнерите за едно место во 2024 година и „скокнале“ од трето на второ место, додека магационерите и возачите останале на четвртото и петтото место, пренесува N1.

Најголем придонес во севкупниот годишен раст на побарувачката на работна сила забележаа огласите во кои се бараат сметководители, професори и вработени во финансии, додека градежните работници, келнерите, програмерите, производствените работници, телеоператорите и наставниците се меѓу најголемите негативни придонесувачи. Во рангирањето на најбарани професии, побарувачката за ѕидари паднала најмногу од 25. на 30. место, додека за четири места пораснале занимањата на фармацевти, градежни инженери и медицински сестри – фармацевти од 28 на 24. градежни инженери од 14 до 10, а медицинските сестри од 22 до 18 место, пишува во анализата на ЕИЗ.

Во 2024 година е забележан натамошен пораст на бројот и учеството на договорите на неопределено време, најмногу на сметка на договорите на определено време и сезонските вработувања. Така, учеството на договорите на неопределено достигна 53 отсто, за 4,8 процентни поени повеќе во споредба со претходната година, се наведува во публикацијата на загрепскиот економски институт, чии аналитичари не очекуваат значителен пад на побарувачката за работа во 2025 година.

Намалување на бројот на огласи за вработување на годишно ниво бележат сите региони, освен јужниот дел на Јадранот, а меѓу нив предничи централна Хрватска со придонес од 1,4 процентни поени и учество од 58 отсто во вкупниот број огласи. Следуваше северниот дел на Јадранот со 1,2 процентни поени и источна Хрватска со 0,4 процентни поени. Исто така, огласите од странство паднаа за 29 отсто на годишно ниво и имаа негативен придонес од 0,7 процентни поени.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje