Посебен режим на сообраќај ќе има по улиците каде што ќе се движат Бадниковите поворки и околу верските објекти
По повод празникот Бадник, утре во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во главниот град ќе се одржи манифестацијата „Бадникови поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на Општина Кисела Вода, по улицата „Петар Дејлан“, десно по улицата „Борис Трајковски“, лево по булеварот „Македонија“, па потоа по улицата „Свети Кирил и Методиј“ до пред Музејот на Град Скопје, па потоа по улицата „Македонија“, сè до плоштадот каде што ќе се одржи централната манифестација.
„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и посебен режим на сообраќај по улиците каде што ќе се движат Бадниковите поворки и околу верските објекти“, велат од СВР Скопје.