Vrabotuvanje.com - Голема снежна бура предизвика хаос во Европа: Затворени аеродроми, откажани летови и прекини на струјата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Голема снежна бура предизвика хаос во Европа: Затворени аеродроми, откажани летови и прекини на струјата

Европа се соочува со тешки зимски услови кои предизвикаа сериозни нарушувања во авио-сообраќајот, железницата и секојдневниот живот на северот и западот на континентот.

Голема снежна бура предизвика хаос во Европа: Затворени аеродроми, откажани летови и прекини на струјата

Во Германија снежните врнежи и дождот предизвикаа откажување на повеќе од 100 летови на најголемите аеродроми. На франкфуртскиот аеродром се откажани 120 полетувања и слетувања од вкупно 1.090 планирани, додека во Минхен се откажани 35 летови.

„Пистите мора да бидат исчистени, а одмрзнувањето на авионите трае подолго од обично. Исто така, слабата видливост дополнително го отежнува авионскиот сообраќај“, соопштија аеродромските служби.

Германската метеоролошка служба издаде предупредување за леден дожд по снежните врнежи и им советуваше на граѓаните да избегнуваат непотребни патувања.

Слични проблеми се забележани и во Британија, каде поради силниот снег и дождовите се затворени бројни аеродроми. Пистите на аеродромите во Ливерпул и Манчестер се привремено затворени, додека аеродромот во Бирмингем ја прекина работата на неколку часа во текот на ноќта.

Многу рурални заедници во Британија останале изолирани, бидејќи на одделни места паднале и до 40 сантиметри снег. Прекини во снабдувањето со струја погодиле градови како Бирмингем, Бристол и Кардиф, додека властите забрзано работат на отстранување на дефектите на електричната мрежа.

Железничкиот сообраќај исто така е значително нарушен, со бројни откажувања на возови, а се очекува проблемите да продолжат и следната недела.

Не северот на Европа, Скандинавија се подготвува за уште поекстремни зимски услови. Се очекува силното невреме кое ја погоди западна Европа да донесе 80 сантиметри снег во јужна Норвешка и централна Шведска. Ова значително ќе го зголеми ризикот од лавини, а метеоролозите предупредуваат на продолжување на временските прилики.

Сателитски снимки го забележале развојот на оваа бура над Атлантикот, додека се преместувала кон западот на Европа. Невремето во следните ќе нови ќе продолжи кон Северно Море, пред да ја погоди јужна Скандинавија.

Извор: mkd.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje