Vrabotuvanje.com - Ејпл ќе плати 95 милиони долари на луѓето шпионирани од Сири
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ејпл ќе плати 95 милиони долари на луѓето шпионирани од Сири

Ејпл ќе плати 95 милиони долари на луѓето шпионирани од Сири

Американската технолошка компанија Ејпл се согласи на спогодба со корисниците кои ненамерно биле шпионирани од нејзиниот гласовен асистент Сири и ќе им плати вкупно 95 милиони долари за претрпената штета, пренесува Ал Џазира Балканс.

Предложената спогодба, според која сопствениците на производите на Ејпл со помошникот Сири би можеле да добијат до 20 долари по уред, мора да биде одобрена од американски суд.

Потенцијалната исплата ќе се однесува на корисниците на Ејпл во САД кои купиле уред на Ејпл помеѓу 17 септември 2014 година и 31 декември 2024 година, а дополнително се бара да сведочат под заклетва дека случајно го активирале Сири за време на доверлив или приватен разговор.

Оригиналната тужба против Ејпл уследи по извештајот од 2019 година на весникот Гардијан, во кој се тврди дека луѓето задолжени за контрола на квалитетот на асистентот Сири имале можност да слушаат доверливи информации за здравјето на луѓето или сексуалните односи на паровите, како и да слушаат други приватни информации на корисниците.

По правило, Сири се активира со кажување одредени зборови, но многумина тврдат дека понекогаш се активира сосема неочекувано, па така ненамерно ги снима корисниците.

Извор: radiomof.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje