Vrabotuvanje.com - Над 70 отсто од македонските работници не работат според струка
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Над 70 отсто од македонските работници не работат според струка

Над 70 отсто од македонските работници не работат според струка

За секој професионалец би било идеално доколку работи по струката за која завршил соодветно образование. Меѓутоа, реалноста е дека многумина се наоѓаат на позиции на кои никогаш не се замислувале себеси.

За да истражиме колкав дел од Македонците се занимаваат со професија која соодветствува со завршеното образование, објавивме анкета Дали работите според струка? која траеше од 27. декември 2018 до 16. јануари 2019 и во која беа опфатени 845 испитаници (посетители на www.vrabotuvanje.com.mk).

Резултатите покажаа дека дури 72% од испитаниците не работат по својата струка. Нема кој да не вработи. Јас сакам по струка да работам, вели еден. И после 25 години од дипломирањето не сум вработен по струка, додава втор. Дипломиран економист, а работник во магацин, се надоврзува трет.

Еден од испитанците со став: "Затоа што квалитетот кај нас не се цени. Насекаде непотизам, на секој конкурс веќе се вработени преку врски. Ги искинавме кондурите трчајќи по конкурси, барем да не викнат на интервју. Магистер да не може да се вработи и таму каде бараат со ССС. Што понатаму?"

Имаше и такви кои велат дека ваквата ситуација не е катастрофална, бидејќи на овој начин може да се научат и други струки и вештини.

Преостанатиот дел од испитаниците, односнo само 28% работат според својата струка. Помеѓу позициите за кои испитаниците се изјасниле дека има работа според струка доминираат работни места во ИТ секторот.

Учествувајте во нашата најнова анкета:

Дали сте задоволни од бенефициите кои ги нуди вашата компанија?

Погледни ги резултатите

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje