Vrabotuvanje.com - ЛОША ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Еве што не очекува од вторник
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ЛОША ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Еве што не очекува од вторник

ЛОША ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Еве што не очекува од вторник

По една релативно долга серија во која регулаторот ги намалување малопродажните цени на нафтените деривати, од вторник веројатно ќе возиме поскапо гориво. Движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон го најавува тоа.

Од вторникот на 8 јануари, кога и се креираа актуелните цени до денеска, барел сурова нафта на лондонската берза е поскап за околу 3 долари и повторно е над границата од 60 долари.

Во такви услови за очекување е благо зголемување на малопродажните цени, кои не треба да биде изненадување ако се  зголемат за околу денар до денар и половина по литар.

Минатиот вторник, цените се намалија за 2,5 односно 3 денари по литар. Во моментов бензините се продаваат за 58,5 односно 60 денари по литар а нафтата за 55 денари.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje