Vrabotuvanje.com - Најголемиот снежен лавиринт во светот: Зимската „земја на чуда“ која ќе ги освои сите генерации
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Најголемиот снежен лавиринт во светот: Зимската „земја на чуда“ која ќе ги освои сите генерации

Закопане е град во јужна Полска, на самиот раб на националниот парк Татра, кој, исто како и тој планински венец, се протега и низ соседна Словачка.

Најголемиот снежен лавиринт во светот: Зимската „земја на чуда“ која ќе ги освои сите генерации

Ридовите над Закопане се омилено излетничко место во текот на целата година, а во зима овој дел од зелените Татри се претвора во популарно скијачко место и во бајковитиот „Сноуленд“, зимски авантуристички парк со бројни имагинативни атракции, во кои уживаат сите деца но и возрасни.

Зимска авантура, со малку магија

Покрај скијачките патеки и санкалишта, Сноуленд може да се пофали и со иглуа, парк на скулптури од мраз и вистински снежен замок и палата на снежната кралица со кули високи петнаесет метри.

Покрај тоа, таму се наоѓа и најголемиот снежен лавиринт не само во Полска, туку и во целиот свет. Снежниот лавиринт првпат беше изграден во 2016 година, а неговата површина надминува две и пол илјади квадратни метри.

Се наоѓа под познатата скијачка скокалница Велика Кроква, каде што речиси сто години се одржуваат натпревари во скијачки скокови. Коридорите на лавиринтот се долги цел километар, а неговите ѕидови се високи два метра – па само малкумина посетители можат да „ѕирнат“ над нив.

Снежниот лавиринт, се разбира, е само сезонска атракција, како и целиот Сноуленд, кој е отворен за посети од јануари до средината на март, доколку нема неочекувани температурни скокови. Цената на билетите за лавиринтот изнесува нешто помалку од 8 и пол евра, а целосниот ценовник можете да го погледнете овде.

 

Лавиринтот е изграден од 60.000 блокови набиен снег, исто како што се градат иглоата, а посетителите можат да се „губат“ во лавиринтот околу еден час. Ако некому му треба повеќе, нема страв од замрзнување бидејќи, како што рекоа, никој никогаш не останал „заробен“ во лавиринтот.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje