Vrabotuvanje.com - Двоен кружен тек во Загреб: Необично решение, знаете ли како функционира?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Двоен кружен тек во Загреб: Необично решение, знаете ли како функционира?

Двојниот кружен тек е необично, но, според сè, ефикасно сообраќајно решение. Во Загреб првиот ваков кружен тек се појави кон крајот на 2023 година, во населбата Трешњевка, а наскоро на овој начин треба да биде решена уште една „проблематична“ локација.

Двоен кружен тек во Загреб: Необично решение, знаете ли како функционира?

Во населбата Сигет, на местото каде што моментално се наоѓа двојната крстосница на Радмановачка улица, Улица Сигет и Паркот на хрватската морнарица, ќе биде изграден нов двоен кружен тек.

Од Град Загреб наведуваат дека ова решение треба да го зголеми протокот на сообраќај и да го намали бројот на незгоди, особено затоа што во близина се наоѓа училиште.

„Се состои од четири приоди и два пресека кои поврзуваат три сообраќајници, што бара специфично сообраќајно-техничко решение“, изјави за "Вечерњи лист" Крунослав Тепеш од Секторот за патишта при Градската канцеларија за обнова, градежништво, просторно уредување и комунални работи.

„Двата кружни текови ќе бидат градежно изведени во издолжена форма. Коридорот со максимална ширина изнесува 11,70 метри, со вкупна должина од 282,95 метри, а зоната за реконструкција опфаќа површина од околу 4.200 квадратни метри,“ додаде Тепеш.

Со новата регулација, се планира и ограничување на брзината на 30 км/ч.

Како вам ви изгледа двојниот кружен тек? 

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje