Vrabotuvanje.com - Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Kинг Бургер“ во центарот на Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Kинг Бургер“ во центарот на Скопје

Деновиве се урива некогашната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе се гради зграда на седум ката.

Ќе се гради 7-катница на местото на некогашната сендвичара „Kинг Бургер“ во центарот на Скопје

 Градилиштето е веќе оградено и поставена е табла на која стојат податоци за градбата. Градежната дозвола од Општина Центар е издадена на 14 ноември 2024 и според неа, ќе се гради станбена зграда на приземје, шест ката и поткровје.

Сендвичарата „Кинг бургер“ пред дваесетина години беше меѓу најпопуларните места за брза храна во Скопје. Откако беше затворена, со години објектот стоеше празен и запуштен. Пред неколку години во напуштениот објект него изби пожар.
 

Од Општината велат дека градежната парцела е дел од Деталниот урбанистички план за градска четврт Ц 04, Дом на градежници, донесен на 28 јануари 2021.

Извор: sdk.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje