Vrabotuvanje.com - Погледнете што правите различно: Ова се утринските навики на најпознатите милијардери
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Погледнете што правите различно: Ова се утринските навики на најпознатите милијардери

Погледнете што правите различно: Ова се утринските навики на најпознатите милијардери

Од станување рано наутро, до медитирање и трчање пред почетокот на работниот ден. Дали некогаш сте се запрашале што прават наутро некои од најпознатите светски милијардери?

Марк Цукенберг доколку не работи цела вечер, станува во 8 часот. Ги проверува новостите во светот и се подготвува за работа. Секој ден ја носи истата маица. Марк смета дека на овој начин тој заштедува многу време.

Џек Дорси, основачот на Твитер, се буди во 5 и 30 часот. Утрото му започнува со медитирање кое трае половина час, а веднаш потоа следи џогирање.

Американскиот бизнисмен Тим Армстронг станува во 5 часот. Најпрво чита, па потоа вежба. Денот му продолжува со тестирање на продукти и одговарање на мејлови.

Опра Винфри медитира 20 минути. Потоа следи трчање на лента. Утрото го завршува со подготвување на здрав оброк богат со јаглехидрати и протеини.

Поранешниот претседател Барак Обама станувал 2 часа порано пред да започнат неговите обврски. Ниедно утро не му почнувало без физичка активност. Бидејќи Обама не пие кафе, зелениот чај, сокот од портокал и многу вода биле дел од неговото секојдневно мени. По утринската вежба и појадокот, Барак ја прегледувал содржината на Њујорк Тајмс.

Бил Гејтс прави кардио вежби чим се разбуди, а додека трча на лента гледа едукативни видеа. Доколку има време за појадок, Гејтс е голем обожавател на житарки.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje