Vrabotuvanje.com - Јајцето со најмногу Инстаграм „лајкови“ е всушност кампања за ментално здравје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Јајцето со најмногу Инстаграм „лајкови“ е всушност кампања за ментално здравје

Јајцето со најмногу Инстаграм „лајкови“ е всушност кампања за ментално здравје

Сликата на јајце, која ги собори рекордот според бројот на „лајкови“ на Инстаграм, е дел од кампања за подигање на свеста за менталното здравје.

Во нова објава на платформата, јајцето наречено Јуџин почнува да пука по притисокот од големото внимание кое го добило. Пораката покрај краткото видео ги советува луѓето да побараат помош доколку се почувствуваат на сличен начин.

Сликата од јајцето објавена во јануари собра повеќе од 52 милиони „лајкови“. Кога за прв пат се појави на Инстаграм јавноста мислеше дека единствената цел зад сликата е рушење на рекордот за „најлајкана“ слика која во тие моменти го држеше Кајли Џенер.

Оттогаш на профилот @world_record_egg се појавија вкупно шест слики од јајцето, со различна големина на пукнатините.

Пораката на последната слика гласи: „Ух! Се чувствувам многу подобро сега. Ако и вие чувствувате притисок, посетете ја talkingegg.info за да дознаете повеќе. Ајде да ја изградиме оваа листа заедно“. Линкот води кон интернет-страница која прикажува листа на држави и организации за ментално здравје достапни на луѓето во секоја од земјите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Phew! I feel so much better now

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje