Vrabotuvanje.com - Починал, а само тој ја знаел лозинката од сметка со 190 милиони долари
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Починал, а само тој ја знаел лозинката од сметка со 190 милиони долари

Починал, а само тој ја знаел лозинката од сметка со 190 милиони долари

Најголемата канадска менувачница за криптовалути, QuadrigaCX соопшти дека нема да може да исплати 190 милиони долари од фондот на клиентите бидејќи нејзиниот основач и сопственик, 30-годишниот Џералд Котен ненадејно починал во декември минатата година и не ги оставил лозинките за пристап.

Засега, медиумите известуваат дека околу 190 милиони долари остануваат заклучени во портфолиото на неговиот лаптоп.

Неговата жена, Џенифер Робертсон, соопшти дека менувачницата им должи на своите клиенти 190 милиони долари.

Голем дел од клиентите се уште не веруваат дека Котен е мртов бидејќи неговата компанија објавила за смртта кон средината на јануари, а тој наводно починал на 9 декември минатата година.

Вдовицата морала да приложи доказ за смртта на суд, но за многумина целиот случај е неверојатен и бизарен, а Џенифер почнала да добива и закани по нејзиниот живот.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje