Vrabotuvanje.com - Ви претставуваме дел од дамите на Солета: „Среќна сум што работам во средина во која нема притисок, вистинско задоволство е да се биде дел од тим кој така функционира“
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ви претставуваме дел од дамите на Солета: „Среќна сум што работам во средина во која нема притисок, вистинско задоволство е да се биде дел од тим кој така функционира“

Ви претставуваме дел од дамите на Солета: „Среќна сум што работам во средина во која нема притисок, вистинско задоволство е да се биде дел од тим кој така функционира“

Јасминка годинава прослави 30 години работен стаж во Солета, има 48 години, а дел од тимот е од 1988
година

Ја прашавме за нејзиниот прв работен ден:

„Тоа беше во 1988 година, во многу убав дисконт во населба Железара, со одлични услови за работа и работодавчи кои ме дочекаа со насмевка.“

По 30 години поминати во тимот на Солета, Јасминка ни раскажа како е да се биде дел од компанијата:

„Тимот функционира одлично сите овие 30 години. Тоа е благодарение на системот на организација и работа кој е воспоставен уште од првиот работен ден и беспрекорно фукнкционира. Тоа што ме задржа 30 години во Солета е пред се, коректното однесување на работодавачите, навремено исплаќање на личниот доход, почитување на правата на работниците, годишен одмор, работни саати по државни норми, плаќање на прекувремениот и празничен труд.“

За крај, како вработена со најдолг стаж ја прашавме што има да им каже на оние кои сакаат да аплицираат и да станат дел од Солета?

„Ако го почитуваат работното место, ќе им биде возвратено, а доколку работат коректно сигурно ќе бидат соодветно наградени.“

 

Мирјана Ангелески има 40 години и има 15 години работен стаж во малопродажба и 3 години е дел од тимот на Солета

„Со насмевка се сеќавам на првиот работен ден тука. Го паметам по тоа што бев топло пречекана од колегите и целиот менаџерски тим. Да се биде дел од тимот на оваа компанија е предизвик и пат по кој чекорат најдобрите трговци во градот. Причината да се задржам во Солета е гарантираната постојаност на тимска работа, разбирање, личен доход и други позитивни карактеристики. Ги охрабрувам сите кои се гледаат во оваа индустрија слободно да аплицираат за работно место во оваа компанија! Сигурна сум дека успешно и трајно ќе го решат својот проблем за основање работен однос во стабилна и успешна компанија како Солета.“

Анета Кокановска има 34 години и веќе 5 години е дел од тимот на СОЛЕТА

Иако по струка е Градежен лаборант, обуката која ја добила од своите колеги уште од првиот ден и помогнала беспрекорно да се снајде во месната индустрија.​

Анета Кокановска има 34 години и веќе 5 години е дел од тимот на СОЛЕТА. Иако по струка е Градежен лаборант, обуката која ја добила од своите колеги уште од првиот ден и помогнала беспрекорно да се снајде во месната индустрија.

Ја прашавме како ќе ги објасни нејзините 5 години во СОЛЕТА:

Уште од првиот ден знаев дека го направив вистинскиот избор. Бев многу добро прифатена и добив одлична обука од персоналот кој го затекнав тука во тој момент. Одтогаш наваму функционираме во најдобар ред. Среќна сум што работам во средина во која нема притисок, вистинско задоволство е да се биде дел од тим кој така функционира. Колегијалноста, добра меѓусебна комуникација, пријатна работна атмосфера, навремена редовна исплата се причините кои ме задржаа на оваа работна позиција овие 5 години.

За нејзините потенцијални колеги, кои сакаат да станат дел од СОЛЕТА, Анета вели:

Мојата порака кон оние што би аплицирале за работа во Солета е: „Доколку ви е потребна стабилна работа која ќе ја работите подолг период, во пријатна работна атмосфера, каде што вашиот труд ќе биде вреднуван, повелете во нашиот СОЛЕТА тим, нема да згрешите!“

СОЛЕТА ВРАБОТУВА - Огласи за кандидати со СРЕДНО образование

Елизабета Ангеловска 38 години, економски техничар, 6 години во Солета

Секако дека се сеќавам на првиот работен ден!

Како и секој прв работен ден бев збунета и исплашена како ќе се снајдам на новото работно место, но благодарение на шефицата Гоца се снајдов многу добро и научив се што требаше во врска со работата.

Јас ја сакам оваа работа... Разбирањето и добрата соработка со колешките и претпоставените како и редовноста на плата е она што ме задржа во Солета. Сите кои би се пронашле во оваа професија слободно да повелат и да видат како е да се биде дел од нашиот тим.

Николина Недева 37 години, 2 години во Солета

Ја прашавме за нејзиниот прв работен ден:

Кој го заборава првиот работен ден? Мојот прв ден во Солета го паметам по возбудата што се вработив и по прекрасниот прием на веќе вработените кои им помогнаа да се вклопам во работата. Се додека се тече према очекувањата и правата на вработените е лесно да си дел од една компанија како Солета. Она што ме задржа во тимот пред се добрата организација, редовните примања и коректниот однос кон вработените.

 

СОЛЕТА е успешна Македонска приказна која во изминатите 20 години со труд и напорна работа успеа да се изгради во препознатлив бренд со асортиман од 70-тина производи чијшто број во континуитет се зголемува, а за тоа е најзаслужен тимот од 110 вработени кој е распространет во секторите за производство, дистрибуција и продажба.

СОЛЕТА има потреба од лицe на следното работно место:
 
ПРОДАВАЧ/КА

  • Нето плата: 14.000 денари
  • Доплата за работа на празник
  • Регрес за годишен одмор (К-15)
  • Неделно работно време: 40 ч.

АПЛИЦИРАЈТЕ НА ЛИНКОТ

Сакаш да станеш дел од тимот на Солета? СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА!
СОЛЕТА ДОО

Ви претставуваме дел од дамите на Солета: „Среќна сум што работам во средина во која нема притисок, вистинско задоволство е да се биде дел од тим кој така функционира“
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje