Vrabotuvanje.com - Банкнотата од 500 евра заминува во историјата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Банкнотата од 500 евра заминува во историјата

Централните банки на Германија и Австрија уште до ко крајот на оваа недела, поточно до 26 април, ќе издаваат банкнота од 500 евра.

Банкнотата од 500 евра заминува во историјата

Преостанатите 17 централни банки во еврозоната го прекинале печатењето на таа банкнота уште во јануари.

Централналните банки на Германија и Австрија досега издаваа најмногу банкноти од 500 евра. Токму затоа е одлуката тие да бидат последните кои ќе ги пуштат во оптек овие банкноти. Логично е сите банкноти од 500 евра да се заменат во банкноти од по 100 евра, изјави претседателот на германската централна банка Јоханес Берман.

Европската централна банка во 2016 донела одлука во новата серија банкноти со зголемени безбедносни карактеристики повеќе да не биде и таа од 500 евра.

Надлежните се надеваат дека укинувањето на оваа банкнота ќе допринесе за сузбивање на тероризмот и работата на црно.

Моментно уште во оптек се 509 милиони парчиња банкноти од 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.

Граѓаните и понатаму ќе можат да користат банкнота од 500 евра.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje