Vrabotuvanje.com - Овој шеф прави тест со чаша кафе на секое интервју и нема да вработи кандидат што нема да го положи
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Овој шеф прави тест со чаша кафе на секое интервју и нема да вработи кандидат што нема да го положи

Шеф на австралиска компанија за правење на сметководствен софтвер открива едноставен тест кој го прави на секое интерјву кога вработува нов член во тимот.

Овој шеф прави тест со чаша кафе на секое интервју и нема да вработи кандидат што нема да го положи

Трент Инес нема да вработи кандидат што нема да го положи неговиот тест со шолја кафе бидејќи верува дека тоа покажува многу повеќе за кандидатот, отколку било кое прашање кое ќе се постави на разговорот за работа.

Всушност, секој кој нема да го положи тестот е поставен на црната листа на компанијата и за него приказната за кариера во оваа компанија е завршена.

Јас секогаш ќе ве однесам во една од нашите кујни и на некој начин вие секогаш ќе завршите со шолја со кафе во рака. Потоа ќе продолжиме понатаму. Една од работите што секогаш ги гледам на крајот од интервјуто е дали личноста ќе ја врати празната чаша назад во кујната, објаснува Инес.

Според него, може да се развијат различни вештини, знаење и искуство, но сето тоа не вреди ни пет пари доколку кандидатот нема култура, а културата во неговата компанија е јасна “секој си ја мие својата чаша“.

Тој тврди дека овој трик функционира и дека кујната во нивните канцеларии е секогаш чиста.

Тоа е всушност само гаранција дека луѓето навистина се вклопуваат во културата во нашата компанија, заклучува тој.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje