Vrabotuvanje.com - Грчки остров нуди бесплатна куќа, храна, земјиште и 500 евра месечно
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Грчки остров нуди бесплатна куќа, храна, земјиште и 500 евра месечно

Прекрасниот грчки остров на југот на Пелопонез, Антикитера има само 20 жители.

Грчки остров нуди бесплатна куќа, храна, земјиште и 500 евра месечно

Поради се помалиот број на луѓе, Грците нудат куќа, парче земја и 500 евра за сите што ќе се преселат таму.

Високите карпи со поглед кон морето, скриените заливи и пештери, малото село во кое се чини како времето да застанало и бујната вегетација што го шири мирисот на рузмарин и лаванда се таму за да ви посакаат добредојде.

Инаку, островот се наоѓа во близина на Крит и истиот важи за прилично див остров каде недопрената природа е токму тоа што го издвојува од другите.

Така, доколку сакате да се исклучите и да пронајдете мир, ова е вистинското место за вас. Туристите го избегнуваат, а во селото има население од 20 до 40 луѓе.

Со цел повторно населување на островот, започната е кампања преку која се бараат луѓе кои што сакаат да се преселат на овој остров и тука да засноваат семејство.

Ако природната убавина не е доволен мотив за вас, властите ви нудат куќа, обработлива земја и 500 евра секој месец во текот на првите три години. Во понудата е вклучена и бесплатна храна. Досега, само 15 семејства се распрашале за условите.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje