Vrabotuvanje.com - Дали е опасно да испиеме кафе кое стоело со часови?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дали е опасно да испиеме кафе кое стоело со часови?

Овој омилен пијалок најдобро е да го испиете веднаш, но дали смеете (безгрижно) да го испиете и по долгото стоење?

Дали е опасно да испиеме кафе кое стоело со часови?

Нивото на ризик зависи од тоа дали сте подготвиле обично црно кафе или можеби сте го измешале со млеко.

Сепак, едно е сигурно – утринското кафе нема да го има истиот фин вкус ако го испиете попладне.

Понекогаш во брзање додека се подготвувате за работа заборавате на кафето кое што сте го свариле, а кога ќе го видите повторно по долго време, повеќе или помалку сите посегнуваме за таа чаша и го пиеме кафето за момент.

Дали тоа е воопшто здраво?

Ако станува збор за црно кафе, можете да го испиете без страв дека тоа негативно ќе влијае на вашето здравје. Сепак, тоа “старо” кафе нема да го има истиот вкус како кога сте го свариле. По околу 30 минути кафето го менува вкусот во многу полош.

Ако мислите дека ќе го поправите со загреевање во микробрановата печка, грешите. Факт е дека микробрановата ги убива бактериите, но тоа не значи дека ги отстранува сите, а покрај тоа, вкусот на кафето нема да се промени дури и ако го загреете. Во случај сепак да сакате да го загреете, препорачуваме повторно подгревање на рингла. Така кафето рамномерно ќе се загрее и ќе исчезнат сите бактерии.

Тоа важи само за црно кафе без млеко. Ако пиете кафе со млеко, никако не би требало да го пиете по неколку часа стоење. Млекото е многу расипливо на собна температура па дури и измешано со кафе. Подобро сварете ново кафе и уживајте во неговиот полн вкус.

извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje