Vrabotuvanje.com - Зошто копчињата кај мажите се десно, а кај жените лево?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Зошто копчињата кај мажите се десно, а кај жените лево?

Веројатно сте забележале дека копчињата на машките и женските капути се зашиени на различни страни... тоа не е случајно.

Зошто копчињата кај мажите се десно, а кај жените лево?

Постои еден мал детаљ кој лесно можеме да го забележиме додека сме на работа или во слободно време, а тоа се копчињата на кошулата и блузата кои се наоѓаат на различна страна, во зависност од полот за кого е наменето парчето облека.

Имено, женските блузи и кошули често имаат копчиња од левата страна, а копчињата на машката облека се секогаш од десно.

Па, зошто е тоа така?

Една од теориите е поврзана со јавање коњи. Во минатото, жените јавале коњи странично, па токму затоа копчињата се ставале на левата страна за ветерот во текот на јавањето да не ја откопчи кошулата.

Друга теорија е поврзана со историјата. Некои историчари сметаат дека мажите полесно може да посегнат по своето оружје кое е скриено под нивната облека, ако копчињата биле зашиени на десната страна.

Третата теорија е дека богатите жени во минатото облеката не ја шиеле сами, туку нивните помошнички на кои им било природно со левата рака да ја држат облеката, а со десната да ги закопчат копчињата.

На крај, можеби жените ја избрале левата страна бидејќи десната била зафатена од мажите.

Инаку, денес голем дел од модните куќи не се придржуваат кон “стариот обичај“ и не прават разлика помеѓу женски и машки начин на зашивање на копчиња.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje