Vrabotuvanje.com - Хуавеи отпушти 600 работници во еден ден
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Хуавеи отпушти 600 работници во еден ден

Кинеската компанија Huawei Technologies соопшти дека отпуштила над две третини од своите 850 вработени во својата подружница за истражување во САД.

Хуавеи отпушти 600 работници во еден ден

Futurewei Technologies објави дека се затворени повеќе од 600 работни места.

Во мај годинава, американското министерство за трговија го стави Huawei, најголемиот светски производител на телекомуникациска опрема, на црната листа со организации кои претставуваат ризик за националната безбедност на САД.

Пад на обемот на работа

Huawei соопшти дека отказите, кои стапија на сила на 22 јули, се последица на кризата предизвикана од потезите на американската влада.

Поради ставањето на црната листа, Futurewei е спречен да пренесува технологии во својата матична земја.

Според Ројтерс, компанијата започнала да отпушта работници во понеделникот.

Еден од вработените кој не добил отказ за Ројтерс изјави дека бизнисот е во стагнација откако Huawei беше ставен на црната листа.

Минатата година Futurewei забележа рекорден износ на оперативни трошоци во износ од 510 милиони долари. 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje