Vrabotuvanje.com - Ова се 10-те правила ако сакате повисока плата
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ова се 10-те правила ако сакате повисока плата

Сакате да добиете покачување? Следете ги овие совети од професионални финансиски советници!

Ова се 10-те правила ако сакате повисока плата

Вашата моментална плата има големо влијание врз вашиот живот во иднината. Токму затоа е потребно да испреговарате за најдобрата плата што моментално може да си ја дозволи вашиот работодавач. Ако сте потценети, ја потценувате вашата кариера, а со тоа вашите финансии ќе бидат осудени на стагнација.

За да ја добиете платата што ја посакувате, експертите советуваат неколку правила кон кои треба да се придржувате:

  • Не ја прифаќајте првата понуда.
  • Имајте на ум дека освен за плата, може да преговарате и за бонус и акции во компанијата. Немојте да ги занемарувате овие ставки.
  • Соработувајте со вашиот работодавач. Личноста која ве вработила е ваш пријател и е свесна за вашиот потенцијал. Подгответе ги вистинските аргументи и истакнете ги вашите достигнувања, вештини и искуство за да го оправдате побараното покачување.
  • Усовршете ја презентацијата. Вежбајте пред огледало и пред вашите пријатели.
  • Не споменувајте износ. Нека вашиот работодавач биде првата страна што ќе ги отвори картите. Потоа преговарајте за повеќе, но бидете реални.
  • Бидете деловни, а не емотивни.
  • Однапред размислете и подгответе контра-понуда.
  • Запомнете дека преговорите се процес во кој се важни две работи: колку вредите и колку сакаат да ве платат.
  • Истражете и соберете ги сиде релеватни податоци пред почетокот на преговорите. Распрашајте се колку заработуваат останатите вработени, колку заработуваат вработените во другите компании на вашето работно место... тоа можете да го проверите многу лесно на следниот линк.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje