Vrabotuvanje.com - Што треба да направите 15 минути пред интервју за работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што треба да направите 15 минути пред интервју за работа

Последните 15 минути пред интервјуто за работа може да бидат навистина тензични, особено за кандидатите кои не се сигурни што да прават со тоа време

Што треба да направите 15 минути пред интервју за работа

Тие 15 минути се ваша можност да ја насочите вашата енергија и фокус кон тоа со кого ќе се сретнете, како да оставите добар впечаток и кои се прашањата што сакате да му ги поставите на вашиот потенцијален работодавач.

Еве 3 работи што може да ги направите 15 минути пред интервју за работа, а кои ќе ви бидат од помош да ја добиете работата:

Пристигнете порано, но не влегувајте внатре

Пред секое интервју за работа, бидете сигурни дека ќе пристигнете барем 30 минути порано. Меѓутоа, кога ќе пристигнете на договорената локација, не влегувајте веднаш внатре. Дејвид Парнел, правен советник и комуникациски обучувач, вели дека тоа може да предизвика дополнителен притисок на лицето кое треба да ве интервјуира и со тоа да го фатите на “погрешна нога“. Според Рита Фридман, кариерен обучувач, најдобро е да влезете во компанијата 10 минути пред интервјуто да започне.

Останете смирени

Кога сте под стрес, вашето тело испушта хормони за стрес како што се кортизол и епинефрин. Во зависност од нивото на стрес, овие хормони можат да ја намалат вашата способност да размислувате јасно, вели Парнел. Пред интервјуто за работа, бидете сигурни дека ќе останете смирени и прибрани со цел да оставите најдобар можен впечаток.

Дишете

Ова ќе ви помогне да останете смирени. Длабоко вдишете и издишете. Ова е една од најнепосредните техники за смирување на вашите нерви. Фокусирајте се и вдишете и издишете броејќи до 10.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje