Vrabotuvanje.com - 12 зборови што ќе ве истакнат на секое интервју
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

12 зборови што ќе ве истакнат на секое интервју

12 зборови што ќе ве истакнат на секое интервју

Дали изборот на зборови за време на интервју може да има влијание во тоа дали ќе ја добиете работата или не?

Бројните експерти кои долго време се занимаваат со вербалната и невербалната комуникација велат дека изборот на зборови, после самата невербална комуникација, имаат најголемо влијание врз тоа дали ќе бидете перцепирани како сериозен кандидат за конкретната позиција.

Најважно е да не користите зборови кои се забораваат лесно, како и зборови кои спаѓаат во "клише" групата.

Па така, наредниот пат кога ќе бидете повикани на интервју имајте "во ракав" неколку зборови кои ќе направат да се истакнете.

ПАСИЈА

Секој работодавач сака покрај себе вработен кој нема само да доаѓа на работа од 09:00-17:00, туку искрено ќе си ја сака работата.

Луѓето кои имаат пасија за истата можат да бидат од круцијална важност за самата компанија, бидејќи токму тие се оние што можат да влијаат врз нејзиниот раст и развој. Затоа, трудете се при одговарањето на прашањата да користите зборови како: ентузијазам, мотивираност и приоритет.

ОДГОВОРНОСТ

За време на интервјуто секогаш е добро да покажете дека сте одговорна личност која на време ги завршува зададените обврски. Ова најдобро би го изразиле преку зборовите: ефективност, навременост, практичност и ефикасност.

ЛИДЕРСТВО

Доколку целите кон лидерска улога морате да покажете дека сте достојни за неа. Во овој случај најдобро ќе биде да се послужите со следните зборови: остварување, иницијатива, планирање, преговарање и решавање.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje