Vrabotuvanje.com - АЛКАЛОИД ВРАБОТУВА - 3 слободни позиции во Оддел за човечки ресурси
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

АЛКАЛОИД ВРАБОТУВА - 3 слободни позиции во Оддел за човечки ресурси

АЛКАЛОИД ВРАБОТУВА - 3 слободни позиции во Оддел за човечки ресурси

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 8 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ...

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за свој личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

А Л К А Л О И Д   А Д   С К О П Ј Е
ги објавува следните слободни работни места: 

1. ОЕ Корпоративни служби – Оддел за човечки ресурси
 
1.1. Талент менаџмент експерт – 1 (еден)
1.2. Специјалист за надомест (плата) и бенефиции – 1 (еден)
1.3. Специјалист за регрутација и за селекција – 1 (еден)
 
Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за вработување на определено време од 3 (три) месеци до 1 (една) година, во зависност од искуството на кандидатот, со можност за негово продолжување.
 
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 ч. Неделното работно време е од понеделник до петок.
 
Предвидената основна нето-плата за позицијата варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.
 

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje