Vrabotuvanje.com - Teleperformance, глобална компанија со над 300 илјади вработени ширум светот вработува во Македонија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Teleperformance, глобална компанија со над 300 илјади вработени ширум светот вработува во Македонија

Дознајте повеќе за компанијата, разговарајте со некој од нивниот тим и аплицирајте за некоја од отворените позиции на штандот на Виртуелни денови за вработување

Teleperformance, глобална компанија со над 300 илјади вработени ширум светот вработува во Македонија

Teleperformance е глобална компанија која има за цел да изгради мост помеѓу најпрепознатливите брендови на планетата и нивните клиенти. Со над 300 илјади вработени ширум светот и активности на 160 развиени пазари, Teleperformance е првиот избор на секоја компанија чијшто бизнис се темели на дигиталниот свет.

Ако барате само обична работа, ова не е место за вас. Но, ако сакате да бидете опкружени со луѓе кои ви веруваат, ве инспирираат и со кои секој ден станувате се подобри и подобри, тогаш дефинитивно треба да размислите за кариера во Teleperformance. Тие се посветени но толерантни, одговорни но флексибилни и најважно од се, веруваат дека секој може да го даде најдоброто од себе и да направи разлика, ако му се даде шанса.

Teleperformance нуди несебична поддршка за сите членови од својот тим. Нивниот досегашен успех го препишуваат на вработените и затоа нивното задоволство им е на прво место.

Teleperformance нуди одлична бенефициска програма, професионални обуки, стабилна работа во број 1 компанија од индустријата, германски услови за работа во ултра модерни канцеларии во центарот на Скопје, атрактивна фиксна плата и бонуси за продуктивност, работа под германски раководители и можност за станете еден од нив.

Дознајте повеќе за компанијата, разговарајте со некој од нивниот тим и аплицирајте за некоја од отворените позиции на штандот на Виртуелни денови за вработување, на ЛИНКОТ. 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje