Vrabotuvanje.com - Speed Hiring: Тест од 12 минути кој одлучува дали некого ќе вработите или не
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Speed Hiring: Тест од 12 минути кој одлучува дали некого ќе вработите или не

Speed Hiring: Тест од 12 минути кој одлучува дали некого ќе вработите или не

И регрутерите и работобарателите ќе се сложат дека кога станува збор за процесот на регрутација, брзината е еден од најважните елементи.

Ниту еден кандидат на кој очајно му треба работа не сака да чека неколку недели или месеци за да дознае дали поминал во следната фаза. Од друга страна, регрутерите кои работат со тесни рокови сакаат што побрзо да ја затворат позицијата. Во ваков случај и двете страни имаат корист од забрзување на процесот на регрутација.

Speed Hiring е еден нов концепт кој подразбира 12-минутно тестирање на когнитивните способности на кандидатите и потоа доделување на понуди за вработување на тие што успешно ќе го положат тестот.

Како приврзаници на овој нов концепт се јавуваат голем број компании ширум светот, како што се: Snapdeal, Ola Cabs, Quikr, Foodpanda, Practo и WNS.

Предностите на самиот концепт се во тоа што овозможува значително забрзување на процесот на регрутација и подобрување на искуството на кандидатите (т.н employee experience).

Меѓутоа, постојат и негативни страни како што се: намалување на квалитетот на селекцискиот процес и опасност од избрзани одлуки.

Дали вие сметате дека 12 минути се доволни за да се одбере вистинскиот кандидат?

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje