Vrabotuvanje.com - СТАБИЛНОСТ, ЛОЈАЛНОСТ, ТИМСКА РАБОТА - Што значи да се биде дел од тимот на Солета?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

СТАБИЛНОСТ, ЛОЈАЛНОСТ, ТИМСКА РАБОТА - Што значи да се биде дел од тимот на Солета?

СОЛЕТА е успешна Македонска приказна која во изминатите 20 години со труд и напорна работа успеа да се изгради во препознатлив бренд со асортиман од 70-тина производи чијшто број во континуитет се зголемува, а за тоа е најзаслужен тимот од 110 вработени кој е распространет во секторите за производство, дистрибуција и продажба. Од СОЛЕТА знаат дека само задоволниот вработен е продуктивен вработен. Затоа компанијата континуирано вложува во своите луѓе. Дека тоа е навистина така, ни потврдија и самите вработени:

СТАБИЛНОСТ, ЛОЈАЛНОСТ, ТИМСКА РАБОТА - Што значи да се биде дел од тимот на Солета?

Јасминка годинава прослави 30 години работен стаж во Солета, има 48 години, а дел од тимот е од 1988
година

Ја прашавме за нејзиниот прв работен ден:

„Тоа беше во 1988 година, во многу убав дисконт во населба Железара, со одлични услови за работа и работодавчи кои ме дочекаа со насмевка.“

По 30 години поминати во тимот на Солета, Јасминка ни раскажа како е да се биде дел од компанијата:

„Тимот функционира одлично сите овие 30 години. Тоа е благодарение на системот на организација и работа кој е воспоставен уште од првиот работен ден и беспрекорно фукнкционира. Тоа што ме задржа 30 години во Солета е пред се, коректното однесување на работодавачите, навремено исплаќање на личниот доход, почитување на правата на работниците, годишен одмор, работни саати по државни норми, плаќање на прекувремениот и празничен труд.“

За крај, како вработена со најдолг стаж ја прашавме што има да им каже на оние кои сакаат да аплицираат и да станат дел од Солета?

„Ако го почитуваат работното место, ќе им биде возвратено, а доколку работат коректно сигурно ќе бидат соодветно наградени.“

 

Мирјана Ангелески има 40 години и има 15 години работен стаж во малопродажба и 3 години е дел од тимот на Солета

„Со насмевка се сеќавам на првиот работен ден тука. Го паметам по тоа што бев топло пречекана од колегите и целиот менаџерски тим. Да се биде дел од тимот на оваа компанија е предизвик и пат по кој чекорат најдобрите трговци во градот. Причината да се задржам во Солета е гарантираната постојаност на тимска работа, разбирање, личен доход и други позитивни карактеристики. Ги охрабрувам сите кои се гледаат во оваа индустрија слободно да аплицираат за работно место во оваа компанија! Сигурна сум дека успешно и трајно ќе го решат својот проблем за основање работен однос во стабилна и успешна компанија како Солета.“

Анета Кокановска има 34 години и веќе 5 години е дел од тимот на СОЛЕТА

Иако по струка е Градежен лаборант, обуката која ја добила од своите колеги уште од првиот ден и помогнала беспрекорно да се снајде во месната индустрија.​

Анета Кокановска има 34 години и веќе 5 години е дел од тимот на СОЛЕТА. Иако по струка е Градежен лаборант, обуката која ја добила од своите колеги уште од првиот ден и помогнала беспрекорно да се снајде во месната индустрија.

Ја прашавме како ќе ги објасни нејзините 5 години во СОЛЕТА:

Уште од првиот ден знаев дека го направив вистинскиот избор. Бев многу добро прифатена и добив одлична обука од персоналот кој го затекнав тука во тој момент. Одтогаш наваму функционираме во најдобар ред. Среќна сум што работам во средина во која нема притисок, вистинско задоволство е да се биде дел од тим кој така функционира. Колегијалноста, добра меѓусебна комуникација, пријатна работна атмосфера, навремена редовна исплата се причините кои ме задржаа на оваа работна позиција овие 5 години.

За нејзините потенцијални колеги, кои сакаат да станат дел од СОЛЕТА, Анета вели:

Мојата порака кон оние што би аплицирале за работа во Солета е: „Доколку ви е потребна стабилна работа која ќе ја работите подолг период, во пријатна работна атмосфера, каде што вашиот труд ќе биде вреднуван, повелете во нашиот СОЛЕТА тим, нема да згрешите!“

СОЛЕТА ВРАБОТУВА - Огласи за кандидати со СРЕДНО образование

Елизабета Ангеловска 38 години, економски техничар, 6 години во Солета

Секако дека се сеќавам на првиот работен ден!

Како и секој прв работен ден бев збунета и исплашена како ќе се снајдам на новото работно место, но благодарение на шефицата Гоца се снајдов многу добро и научив се што требаше во врска со работата.

Јас ја сакам оваа работа... Разбирањето и добрата соработка со колешките и претпоставените како и редовноста на плата е она што ме задржа во Солета. Сите кои би се пронашле во оваа професија слободно да повелат и да видат како е да се биде дел од нашиот тим.

Николина Недева 37 години, 2 години во Солета

Ја прашавме за нејзиниот прв работен ден:

Кој го заборава првиот работен ден? Мојот прв ден во Солета го паметам по возбудата што се вработив и по прекрасниот прием на веќе вработените кои им помогнаа да се вклопам во работата. Се додека се тече према очекувањата и правата на вработените е лесно да си дел од една компанија како Солета. Она што ме задржа во тимот пред се добрата организација, редовните примања и коректниот однос кон вработените.

Билјана Манасиева, вработена во сметководство од неодамна  е унапредена од Финансов сметководител во Раководител на сектор сметководство.

Билјана работи од 23.01.2012 година почнувајќи како финансов сметководител. Во овие 7 изминати години се стекна со искуство од постарите и поискусни колеги и навлезе во сите сфери на финансовото работење. Покрај тоа во континуитет има присуствувано на разни екстерни и интерни обуки. По здобивањето на потребното знаење и искуство се отвори можност за нејзино унапредување во Раководител на сметководство.

Билјана има порака до сите оние коишто сакаат да ја продолжат својата  професионална кариера и понатамошно усовршување:

 “Доколку сакате да станете дел од една успешна приказна која трае 22 години, сакате да се стекнете со знаења од повеќе проблематики како и постојана можност за усовршување имајќи потполна поддршка од целиот тим, како од сметководство така и од другите сектори - АПЛИЦИРАЈТЕ за работа во Солета. Морам да напоменам дека  кариерата и посветеноста бара и жртви за коишто треба да бидете спремни да ги поднесете доколку сакате да станете успешни во својата кариера. Се надевам дека многумина ќе се пронајдат во мојата порака и ќе се обидат да станат дел од нашиот тим со што ќе придонесат за уште подобра соработка и напредок”.

Елизабета Стамболиева, вработена во сметководство од 2006  е унапредена од продавач во Благајнички службеник  во сектор сметководство.

Елизабета по образование е Дипломиран инженер технолог и од 2002 година почнува да работи како продавач во малопродажен објект. Во овие 16 години освен во благајничкото работење се стекна и со дополнително искуство од областа на материјалното и  финансово работење и се стекна со лиценца за Сметководител. Елизабета како и останатите вработени во сектор сметководство има присуствувано на разни екстерни и интерни обуки поврзани со тековното работење.

Елизабета има порака до сите оние коишто сакаат да ја продолжат својата  професионална кариера и понатамошно усовршување:

“Солета е компанија којашто нуди големи можности за учење, усовршување и напредување. Квалитетните вработени тука се секогаш препознаени и адекватно поддржани од менаџментот. Тука ќе наидете на пријатна атмосфера, колегијален однос  и многу поволни услови за работа. Затоа, сите што се пронајдовте во мојата приказна  аплицирајте и станете дел од нашето семејство.“

 

Сакаш да станеш дел од Солета?
СОЛЕТА ДОО
аплицирај за позицијата
ПРОДАВАЧ/КА


За позицијата бараме кандидат со завршено средно образование, со или без искуство

Услови за работа:
  • 40 часа неделно - 1 ден неделно слободен(сабота, недела или понеделник)
  • 16.000ден + додатоци + Регрес за годишен одмор (К15)        

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje