Vrabotuvanje.com - Никој не сака да го вработи поради неговото име – одбиен на повеќе од 40 места
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Никој не сака да го вработи поради неговото име – одбиен на повеќе од 40 места

Никој не сака да го вработи поради неговото име – одбиен на повеќе од 40 места

Индиец, кој по професија е бродски инженер, има проблеми во барањето работа и тоа само поради своето име. Имено, ова 25-годишно момче се вика Садам Хусеин. Досега тој бил одбиен на 40 работни места, иако бил студент со солиден просек.

Кога сфатил дека со своето име никогаш нема да најде пристојна работа, тој решил да се прекрсти во Сајид, но тогаш наишол на нов проблем – бавноста на процедурите и бирократијата. 

– Луѓето се плашат да ме вработат. Работодавците се плашат од можни проблеми со имиграциската служба, рече тој за „Хиндустан Тајмс“. Хусеин извадил дури и нов пасош и возачка дозвола со новото име, но сега пак, не може да докаже дека завршил факултет, оти на дипломата го има неговото старо име.

извор: aktuelno24.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje