Vrabotuvanje.com - Facebook воведува нови промени: Што мислите за нив?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Facebook воведува нови промени: Што мислите за нив?

Покрај можноста да изберете темен режим, Facebook Beta ќе овозможи поголема прегледност бидејќи нуди поголеми фонтови и поедноставна навигација

Facebook воведува нови промени: Што мислите за нив?

Деновиве Facebook започна со воведување на нов интерфејс на својата десктоп верзија која на корисниците им овозможува да изберат класичен или dark mode режим за прикажување.

При самата најава, на некои корисници им се прикажува pop-up прозорец прашувајќи ги дали сакаат да го испробаат новиот дизајн на Facebook (Facebook Beta).

Тие што ќе одговорат со да, имаат можност да се префрлат во мрачен режим и да ги откријат новите потенцијални предности кои ги нуди Facebook. Изборот помеѓу светол или темен режим може да се направи и во основните поставки на профилот.

Освен решението за темниот режим, Facebook Beta треба да биде полесен и поедноставен за употреба бидејќи содржи поголеми фонтови и поедноставна навигација.

Уште една новина е и тоа што Facebook отсега ќе запомнува каде сте застанале додека сте се движеле низ вашиот News feed.

Иако Facebook Beta досега беше достапен само за корисниците од неколку земји (обично во САД), изгледа дека овој пат верзијата ќе биде достапна за тестирање за корисници од целиот свет.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje