Vrabotuvanje.com - ПЛАТА 24.400 денари: Министерство за правда вработува
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ПЛАТА 24.400 денари: Министерство за правда вработува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 353/2019

ПЛАТА 24.400 денари: Министерство за правда вработува
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Министерство за правда - Управа за извршување на санкциите за следните работни места
 

1. УПР0101В02000 Виш соработник за извршување на алтернативни мерки, Одделение за извршување на пробациски работи за подрачјето на Основен суд Струмица, Сектор за пробација(1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Социјална работа и социјална политика, Образование (Педагогија)
- најмалку 2 (две) години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 08:00 до 16:00
- Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 08:00 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 16:00 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 24.402,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2019 год. се : Албанец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

ЛИНК ДО ЦЕЛОСНИОТ ОГЛАС

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje