Vrabotuvanje.com - Кралицата ќе ви плати 67.000 долари за да објавувате на нејзините профили на социјалните мрежи
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Кралицата ќе ви плати 67.000 долари за да објавувате на нејзините профили на социјалните мрежи

Британската кралица Елизабета II е подготвена да плати дури 67.000 американски долари годишно за личноста која ќе управува со нејзините профили на социјалните мрежи, се со цел да се пронајдат, како што рече и таа, нови начини за одржување на нејзиното присуство во јавноста.

Кралицата ќе ви плати 67.000 долари за да објавувате на нејзините профили на социјалните мрежи

Кралското семејство, кое од неодамна е присутно и на LinkedIn (социјална мрежа за професионалци), истакна дека работата подразбира анимирање на публика од целиот свет, а не само во Велика Британија и земјите од Комонвелтот.

Вистинскиот кандидат ќе управува со мал дигитален тим на експерти, ќе создава стратегии за содржини за нашите дигитални канали и ќе работи со колегите за континуирано подобрување на нашето дигитално присуство, се вели во објавата.

Личноста којашто ќе биде избрана мора, како што се бара, да осигури дека дигиталните канали на кралицата ќе бидат интересни за публиката, а во исто време ќе го зачуваат угледот и влијанието на семејството. Таа личност, исто така, треба да има искуство во користење на различни платформи за управување со содржини, социјални мрежи и алатки за аналитика, пренесува CNBC.

Менаџерот за социјални мрежи би имал 33 дена платен годишен одмор (вклучувајќи и празници), бесплатен ручек, обука и платени придонеси за пензиско осигурување.

Годишната плата за работното место се движи помеѓу 45.000 и 50.000 фунти (околу 67.000 американски долари) во зависност од работното искуство.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje