Vrabotuvanje.com - Четири дена дополнителен одмор за пушачи кои не пушат на работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Четири дена дополнителен одмор за пушачи кои не пушат на работа

Работници од агенцијата за вработување во англискиот град Свиндон ќе добијат четири дополнителни денови годишен одмор доколку не пушат на работа.

Четири дена дополнителен одмор за пушачи кои не пушат на работа

Агенцијата KCJ Training & Employment Solutions од Свиндон има намера да ги награди работниците што не пушат наместо да ги казнува пушачите.

Генералниот директор Дон Брајден се согласил да ја воведе ова мерката иако е пушач додавајќи дека таа е прифатена и од страна на непушачите во неговата компанија.

Одлуката е донесена и ја прифатија и пушачите и непушачите во компанијата, изјавил тој.

Директорот додава дека не му пречат паузите за пушење ниту, пак, ги присилува работниците да се откажат од ваквата навика.

Сепак, да речеме дека во просек се прават по три паузи за пушење на ден. Тоа е еднакво на 16 работни дена и 2 часа годишно доколку работниот ден трае осум часа, објаснил Брајден зборувајќи за својата одлука.

Што мислите за ваквиот потег?

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje