Vrabotuvanje.com - 1 грешка што никако не смеете да ја направите на интервју
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

1 грешка што никако не смеете да ја направите на интервју

1 грешка што никако не смеете да ја направите на интервју

За време на интервјуто постојат грешки кои можат да поминат незабележано, но има и такви кои целосно ви ги менуваат шансите за вработување.

Лажењето, песимистичкиот став, неподготвеноста и доцнењето се работи кои се неприфатливи на едно интервју. Но, сепак една ситуација се издвојува во топ трите работи кои во никој случај не смеете да ги практикувате додека сте на "жешкото столче".

Можеби во моментов ви се вртат неколку работи низ глава за тоа што би можело да биде, и доколку помисливте на лошо зборење за поранешниот работодавач – тогаш сте во право.

Не сте задоволни на вашето моментално место само заради односот на вашиот шеф. Во ред, но тоа задржете си го за себе. Интервјуто не е место каде вие ќе се жалите или ќе го критикувате надредениот. Бидете сигурни дека оваа ситуација нема да ви донесе никакви бонус поени.

Со оваа постапка можете само да го натерате потенцијалниот работодавец да си помисли дека и тој многу лесно би можел да се најде во позиција каде би бил критикуван од ваша страна.

Најдобро е да се фокусирате на вашите вештини, достигнувања и што можете да придонесете во новата компанија. Лошите зборови и негативното однесување оставете ги дома.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje