Vrabotuvanje.com - Грешки кои ги правите при брендирање на вашата компанија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Грешки кои ги правите при брендирање на вашата компанија

Не се брендирате како работодавач - Вашиот успех како компанија непосредно зависи од квалитетот и мотивираноста на вашиот тим вработени, покажете дека се грижите за нив

Грешки кои ги правите при брендирање на вашата компанија

Алатките кои ги користите при промовирање на вашата фирма се многубројни. Производот и услугата претставуваат бренд – лого. Вашиот вебсајт е начинот на кој им пристапувате на клиентите.

Во модерното време брендот е највредната работа која може да ја има вашата фирма, а брендирањето е најважната дисциплина за развивање на производите и услугите. Брендот мора секојдневно да го развивате, унапредувате и да бидете сигурни дека не сте сториле ништо за да го оштетите.

Ова се најчестите грешки кои фирмите ги прават.

Брендирајте цена, услуга и квалитет
Во нашиов регион, посебно на Балканот трговците кои имаат обични продавници го базираат својот маркетинг на ниска цена. Точно е дека во ова време, на економски турбуленции, цената е најважниот елемент од маркетинг миксот, но тоа не е единствениот начин на делување. Ако тоа ви е единствента алатка, клиентите ќе го купат вашиот производ и кога ќе наидат на поефтин производ, вас ќе ве заборават.
Клучот е во создавање на бренд. Брендот се создава, бидете препознатливи и нудете услуги и производи кои ќе бидат единствени на пазарот.

Не го одржувате ветувањето
Ако во вашите реклами и огласи објавите одредена услуга или компетитивна предност, потрудете се да ја примените. Не ги изневерувајте вашите клиенти.

Пречесто ја менувате бренд кампањата
Вашиот план мора да биде јасен и конзистентен. Честото менување на плановите ќе ги донесе во конфузија вашите купувачи.
Компаниите во индустријата ги ребрендираат своите производи секој 5-6 години, фармацевтските компании секој 8-9 години, додека ИТ компании на 2-3 години, но тоа зависи од  пазарот, глобалните трендови, глобализацијата и други фактори.

Не се брендирате како работодавач
Вашиот успех како компанија непосредно зависи од квалитетот и мотивираноста на вашиот тим вработени. Во борбата за кадри, квалитетните луѓе ќе дадат предност на компанија која се грижи за својот тим, која е стабилна и општествено одговорна. Не занемарувајте ги овие работи, ако ги правите - покажете ги, ако не, веднаш направете employer branding стратегија и фатете се за работа.

Идентични како конкуренцијата
Со идентична кампања како конкуренцијата нема да добиете значајна предност. Бидете оргинални.

denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje