Vrabotuvanje.com - Нема да верувате која била првата работа на Елон Маск
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Нема да верувате која била првата работа на Елон Маск

Директорот на Tesla ги сподели со јавноста искуствата што ги стекнал додека на свои тинејџерски години работел во Канада и сонувал еден ден да работи во технолошката индустрија во САД

Нема да верувате која била првата работа на Елон Маск

За време на интервјуто за подкастот Third Row Tesla, Елон Маск ја откри најлошата работа со која се занимавал во животот: чистење на котли во пиланата во Ванкувер, Канада.

Во своите тинејџерски години, Маск сакал да се пресели од Јужноафриканската Република – земјата во која пораснал, во САД за да може да најде работа во технолошката индустрија.

Но, пред да дојде во САД, тој заминал во Монтреал (Канада) со цел да добие канадско државјанство. Тој имал право на тоа бидејќи неговата мајка е Канаѓанка.

Откако некое време работел на земјоделска фарма, Маск се упатил кон Ванкувер, каде што кратко време работел во пилана. Неговата работа била да исфрла жежок песок и билни остатоци од котел со помош на дрвена пулпа.

Тоа била многу опасна работа, вели Маск, затоа што секој котел имал мал тунел кој служел за влез и излез. Доколку тој тунел се блокира, би било невозможно некој да се извлече во случај на несреќа. Инаку, вработените внатре и надвор од котларата се менувале на секои 15 минути за да избегнат прегревање.

Маск на тоа работно место бил само четири дена, но бил платен двојно повеќе од тоа што би го добил доколку се занимавал со некоја друга работа во тоа време. Неколку години подоцна тој се преселува во САД и се запишува на Универзитетот во Пенсилванија.

По дипломирањето, тој го започнува стартапот за мапирање Zip2, како и онлајн банката која подоцна стана PayPal. Во периодот што следи ги основа и Tesla, SpaceX, Boring Company и Neuralink. Денес, неговото богатство е проценето на околу 40 милијарди долари.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje