Vrabotuvanje.com - Луѓето што грицкаат нокти не се нервозни имаат друга мака
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Луѓето што грицкаат нокти не се нервозни имаат друга мака

Луѓето што грицкаат нокти не се нервозни имаат друга мака

Многу луѓе мислат дека грицкањето нокти е навика за смирување на нервите, но анксиозноста можеби не е единствениот предизвикувач на оваа појава.

Нови научни докази покажуваат дека луѓето кои компулсивно ги гризат ноктите, ја корнат кожата или ја повлекуваат косата, често се перфекционисти, а овие нивни постапки можат да им помогнат да ги смират здодевноста, иритацијата и незадоволството.

Секој 20ти човек пројавува вакво однесување додека не го оштетат нивниот изглед или не предизвикаат физичка болка.

Најновите истражувања покажале дека грицкањето нокти е всушност манифестација на опсесивно-компулсивното нарушување (перфекционизам).

Минати истражувања сугерирале дека гризењето или гребењето навистина ги тера луѓето да се чувствуваат подобро привремено – можеби задоволувајќи го перфекционистичкиот нагон да прават нешто, а не ништо. По првичното олеснување, сепак, доаѓа болка и срам.

Важно е да се напомене дека опсесивно-компулсивното нарушување не секогаш го попречува нормалното функционирање, ниту е опасно. Тоа е нарушување при кое личноста има нерационални стравови наречени опсесии кои ја предизвикуваат личноста да повторува одредени однесувања кои се наречени комплусивни однесувања.

Стручните лица сметаат дека колку побрзо личноста признае дека можеби има проблем кој е повеќе од обична анксиозност, толку побрзо ќе може да го најде соодветниот начин да се справи со импулсот и да ги задоволи своите потреби за перфекционизам на друг, поздрав начин.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje