Vrabotuvanje.com - ИКЕА воведува нов начин на плаќање: Наместо со пари, платете со вашето време!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ИКЕА воведува нов начин на плаќање: Наместо со пари, платете со вашето време!

Да, точно прочитавте: колку повеќе време потрошите за да стигнете до ИКЕА, толку повеќе производи ќе може да купите

ИКЕА воведува нов начин на плаќање: Наместо со пари, платете со вашето време!

ИКЕА стана првата продавница во светот која им дозволува на потрошувачите да платат со своето време. Почнувајќи од овој месец, ИКЕА-Дубаи ја започна кампањата со која на клиентите им овозможува да го користат своето време како платежна валута, и сето тоа со едноставно приложување на временската рамка на сервисот “Google Maps“ која покажува колку време сте поминале по пат до продавницата на ИКЕА.

Ваквата кампања ја отвора вратата на значителна и длабока промена во начинот на кој потрошувачите купуваат продукти и се поврзуваат со одредени брендови бидејќи тие се охрабрени почесто да купуваат или разгледуваат.

Насловена “Купете со вашето време“, идејата позади новата промоција е дека клиентите најчесто поминуваат многу време патувајќи до продавниците на ИКЕА кои вообичаено се лоцирани во периферијата на градовите.

Со тоа, освен регуларната цена, на производите е истакната и цена во временска валута која е пресметана врз основа на просечната плата во Дубаи.

ИКЕА сепак успеа да не увери дека времето навистина е пари!

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje