Vrabotuvanje.com - Во ВОНРЕДНА – ОДГОВОРНИ: Херои зад касите - ВИ БЛАГОДАРИМЕ!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во ВОНРЕДНА – ОДГОВОРНИ: Херои зад касите - ВИ БЛАГОДАРИМЕ!

Ви благодариме што сте воВонреднаОДГОВОРНИ, за сите нас!

Во ВОНРЕДНА – ОДГОВОРНИ: Херои зад касите - ВИ БЛАГОДАРИМЕ!

Во време на паника, страв, ригорозни мерки, трка да се стигне до маркетите и да се набави се и да се направи залиха „за не дај Боже“, ве повикуваме да застанете за момент и сите заедно да им кажеме големо БРАВО и БЛАГОДАРАМ на хероите кои стојат зад касите. Изложени на стотици потрошувачи дневно, на притисок, гужви и огромен обем на работа, тие се вистински херои на ова време.

Браво и за хигиеничарките, за возачите, магационерите, оние кои непречено редат роба на рафтовите, за менаџментот на маркетите. Браво и за вашите трпеливи семејства, кои ве чекаат да се вратите, здрави и живи.

Нашите маркети будно ги следат препораките, известуваат активно за сите настанати промени, полнат рафтови, апелираат до потрошувачите да држат растојание и да се однесуваат одговорно.

Ви благодариме што сте воВонреднаОДГОВОРНИ, за сите нас!

Еве како нашите маркети се справуваат со новонастанатата ситуација (сите фотографии се превземени од официјалните Facebook страни на маркетите):

Веро со ново работно време и со повластен термин за пазарување за ранливите категории

ВЕРО МАРКЕТИТЕ, согласно најновата мерка за ограничување на движењето на граѓаните што вчера ја донесе Владата, Веро воведува ново работно време од 8 до 19 часот секој ден.

Дополнително, Веро воведува и повластен термин во денот за пазарување во кој приоритет за влегување во маркетот и на каса ќе имаат пензионери, бремени жени, инвалидизирани лица, за да им овозможи поголема заштита на најранливите категории граѓани и да се избегне нивното изложување на поголем ризик.

И покрај скратеното работно време, Веро маркетите продолжуваат нормално да функционираат

Во маркетите има доволно залихи од основните производи, а редовното снабдување се одвива без никаков застој во соработка со добавувачите.

Хигиенската превенција се одржува на највисоко ниво така што маркетите комплетно се чистат секојдневно, а во текот на денот постојано се дезинфицираат количките и корпите за пазарување, просторот кај касите, полиците и останатите најизложени делови од маркетите.

 

РАМСТОР Маркетите превземаат целосни мерки за заштита и дезинфекција и објавија дека работат со полн капацитет, со целиот свој тим од 750 вработени ширум земјава.

 

ТИНЕКС објави дека со цел зголемување на безбедноста и почитување на превентивните мерки за ширење на COVID-19, во нивните маркети на секои 2 часа се врши редовна дезинфекција на сите колички и корпи за пазарување и дезинфекција на подовите и површините кои се во допир со потрошувачите како кваки на влезни врати, врати на фрижидери и услужни пултови. Дополнително поставени се и ознаки за одржување на минималното растојание помеѓу потрошувачите при чекањето ред на касите за наплата.

 

Еве како КАМ Маркетите се справуваат со екстремно зголемениот обем на работа:

 

 

РЕПТИЛ Маркети апелираат „Да бидеме одговорни, да ги почитуваме мерките и препораките, да се заштитиме себе и другите!“

 
Тие вршат достава на нивните производи по истите цени како во маркетите. Имаат и потреба од дополнителен персонал за редење роба. Секој кој има потреба од примања во овој за сите кризен период, може да аплицира на ЛИНКОТ.
 
ЗУР Маркети, покрај почитувањето на сите мерки за заштита и работа со полн капацитет, имаат и одлична иницијатива! Сите потрошувачи со секоја издадена фискална сметка за купените артикли, ќе добијат и упатство за заштита од корона вирусот. 
Со воведување на оваа иновативна идеја, фокусот е ставен на здравјето на купувачите, кое што е од големо значење за самата компанија. Пораката која што ја испраќаат преку оваа активност е дека треба преку обединетост и почитување граѓаните да се заштитат себеси и луѓето околу нив. Ова е полесен начин да се потсетуваат сите на превентивните мерки за заштита од новиот корона вирус. 

 

Жито Маркети апелираат: Пазарете одговорно, држете безбедно растојание. Заеднички да придонесеме за доброто на сите. Од нас зависи! Браво за нив и нивните херои!

 

Киппер Маркет објави дека целосно се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот, се грижат за здравјето на своите потрошувачи и вработени. Официјално објавија и дека во нивниот маркет нема да има никакво покачување на цените со оглед на ситуацијата.

ХЕРОИ, ви БЛАГОДАРИМЕ!

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje