Vrabotuvanje.com - Барле - европско гратче во кое коронавирус правилата зависат од која страна на улицата се движите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Барле - европско гратче во кое коронавирус правилата зависат од која страна на улицата се движите

Целата ситуација со коронавирусот создаде необична ситуација во малото гратче Барле низ кое поминува холандско-белгиската граница.

Барле - европско гратче во кое коронавирус правилата зависат од која страна на улицата се движите

На самата граница која го сече гратчето Барле се наоѓа улица каде што една линија се наоѓа во Белгија, а спротивната во Холандија.

Децении наназад ова не претставуваше никаков проблем, но сега, поради построгите мерки за ограничување на движењето во Белгија, нејзините граѓани можат да одат до продавниците за храна и лекови на холандска територија, а пак Холанѓаните можат да одат и во бутик, патничка агенција или на оптичар во својата земја.

Тоа се сѐ холандски трговски претпријатија, но да беа во Белгија, ќе беа затворени во ова време на коронавирус. Живеам на 50 метра одовде и минувам оттука, но не смеам да влезам во ниедна продавница оти сум Белгиец, изјави Франк де Бонт, началник на белгиската општина Барле-Хертог.

Старото гратче Барле-Носау се наоѓа во Холандија, но тоа опфаќа и 26 белгиски енклави коишто ја чинат општината Барле-Хертог, а меѓу самите нив има уште осум помали холандски енклави кои ѝ припаѓаат на Барле-Носау. Де Бонт објаснува дека оваа невообичаена географска разместеност влече корени од феудалното уредување и поделба на земјиштето пред 1.000 години, па така и останало.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje