Vrabotuvanje.com - Србите пронајдоа маани на новите 10 и 50 денари
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Србите пронајдоа маани на новите 10 и 50 денари

Македонците ги заменија хартиените банкноти со пластични: дали и српскиот динар го чека истата судбина – е насловот на статијата која во понеделникот беше објавена во српски Телеграф.

Србите пронајдоа маани на новите 10 и 50 денари

Само неколку земји меѓу кои Австралија како пионер во воведувањето на полимерните банкноти, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи и Романија ги имаат заменето традиционалните хартиени банкноти со полимерни, а на ова семејство од 15-ти мај му се приклучи и Република Македонија откако Народната банка во оптек ги пушти новите 10 и 50 денарки.

На прашањето на Телеграф дали и Србија ќе го следи овој тренд, Народната банка на Србија одговара дека засега монетарните власти не планираат емисија на банкноти изработени од полимер. Според нив, пластичните банкноти покрај предности, имаат и маани како што се:

  • Трошокот за нивно производство е поголем отколку за хартиените;
  • Ракувањето е со овие банкноти е отежнето кога постои влага
  • Бојата избледува кога се изложени на сонце
  • Не е во потполност потврдена компатибилноста со машините за уплата и исплата

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje