Vrabotuvanje.com - #СподелиОптимизам: Ги броиме позитивните работи кои му се случуваат на светот со Data Masters
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

#СподелиОптимизам: Ги броиме позитивните работи кои му се случуваат на светот со Data Masters

Ако сакаш можеш и ти да се придружиш #СподелиОптимизам!

#СподелиОптимизам: Ги броиме позитивните работи кои му се случуваат на светот со Data Masters

Деновиве сме преплавени со негативни инфрмации поврзани со актуелната ситуација. Секојдневните статистики за заболени и мртви. Секојдневни информации за луѓе кои остануваат без работа , бизниси кои не функционираат производи кои не се продаваат. Наспроти сите овие застанаа едни дечки Дата Мастери, ИТ експерти кои одлучија да споделуваат само позитивни вести а поврзани со КОВИД 19. Ги броиме излечените, ги броиме победниците, ги броиме позитивните работи кои му се случуваат на светот зошто лесно е да биде полошо кога е лошо ама тие одлучија во масата на лоши работи секој ден да наоѓаат нешто позитивно.

Не е лесно велат. Ама најбитен е фокусот.

Да се биде фокусиран на позитивното не значи дека ја негираме реалноста, туку напротив   значи дека правиме личен избор да ја погледнеме вистината и фактите од два различни поларитета. Нашата иницијатива #споделиоптимизам е токму со таа цел. Сакаме да понудиме информации, хумани примери и статистички точни факти од светот и кај нас во просторот на социјалните мрежи, кои ќе успеат да го насочат вниманието на страната на оптимизамот и надежта - велат од Дата Мастерс.

Всушност, надежта не е единственото нешто кое што ни преостанува, туку надежта е онаа нишка која што сега го поврза човештвото како никогаш претходно. Со сигурност можеме да кажеме дека сме многу среќни што токму оваа иницијатива е доволно инспиративна и што започна еден бран на секојдневно споделување на позитивност и оптимизам.

Поддржани од многу јавни ликови и медиуми продолжуваат понатаму. Да бројат убава енергија.

Еве и ние од Вработување со нив споделуваме една убава вест.

Една Маја денес го доби своето прво работно место. Да, за време на Корона Маја частеше за вработување.

Ако сакаш можеш и ти да се придружиш #СподелиОптимизам!

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje