Vrabotuvanje.com - 20 прашања што Apple ќе ви ги постави на интервју за работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

20 прашања што Apple ќе ви ги постави на интервју за работа

20 прашања што Apple ќе ви ги постави на интервју за работа

На разговор за работа во технолошкиот гигант Apple кандидатите добиваат многу необични и збунувачки прашања.

Apple важи за една од најпрестижните компании во светот па затоа речиси и да не постои човек кој не сака да работи таму. Но, за да се вработите таму, мора да ги покажете своите знаења и вештини, а пред се треба да го поминете интервјуто.

Според Business Insider, Apple покрај техничките прашања кои се тест за знаењето на кадидатот, поставува и чудни загатки за на тест да ја стават логиката на истиот тој кандидат.

Ова се само дел од тие прашања:

  • Имаме шолја топло кафе и малку студено млеко од фрижидер, а собната температура е помеѓу температурата на овие две напитоци. Кога треба да додадеме млеко во кафето за да го добиеме највкусното кафе?
  • Кој суперхерој сакате да бидете и зошто?
  • Објаснете му на дете од 5 години што е RAM.
  • Нацртајте ја внатрешната архитектура на iPhone.
  • Набројте 5 начини за мерење на количеството бензин во автомобилот.
  • Ако имате 2 јајца и сакате да дознаете кој е највисокиот спрат од каде што може да ги пуштите без да се скршат, како би го провериле тоа? Што е оптималното решение?
  • Како ќе ја намалите цената на ова пенкало?
  • Колку деца се раѓаат секој ден?
  • Имате 100 парички поставени на масата. 10 од нив се со лицето нагоре, а 90 со опачината. Не можете да чувствувате, гледате или на било кој друг начин да дознаете која страна е нагоре. Поделете ги паричките во две купчиња во коишто ќе има подеднаков број на парички свртени со лицето нагоре.
  • Имате три кутии, од кои во едната има само јаболки, во другата има само портокали, а во третата има и јаболки и портокали. Кутиите се погрешно етикетирани, така што ниту една од етикетите не наведува на тоа што има во кутијата. Отворајќи само една кутија, и без да гледате во неа, земате едно овошје. Гледајќи во него, како веднаш ќе дознаете која етикета на која кутија ѝ припаѓа?
  • Сценарио: Се соочувате со лут муштерија кој чекал за помош во текот на изминатите 20 минути и предизвикува конфузија. Тој тврди дека едноставно ќе замине во Best Buy или Microsoft Store за да си го набави компјутерот што го сака.
  • Дали се сметате за паметен?
  • Ставате чаша вода на плочка и почнете полека да ја зголемувате брзината. Што ќе се случи? Чашата ќе се лизне, ќе се преврти или пак водата ќе се излие од неа?
  • Опишете некое понижувачко искуство.
  • Изгледате прилично позитивно, што може да ви го расипе расположението?
  • 62-63=1; променете само еден елементи (цифра или знак) за исказот да биде точен.
  • Како би го испланирале патувањето за своите колеги во Северна Кореја?
  • Како би го тестирале тостерот?

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje