Vrabotuvanje.com - Останавте без работа? Не очајувајте, еве ги чекорите што треба да ги направите!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Останавте без работа? Не очајувајте, еве ги чекорите што треба да ги направите!

Доколку и вие го загубивте работното место поради кризата, не стравувајте бидејќи не сте сами. Наместо тоа, преземете ги потребните чекори за полесно да ја пребродите кризата и да најдете нова и подобра работа!

Останавте без работа? Не очајувајте, еве ги чекорите што треба да ги направите!

1. Чекор

Задолжително погледнете го договорот за вработување и проверете дали вашиот отказ е основан или неоснован. Постојат неколку неосновани причини за отказ, дознајте кои се тие на овој линк.

2. Чекор

Доколку причината е основана и според законот, следен чекор е да се пријавите во Агенцијата за вработување поради евиденција и остварување на правата кои ви следуваат како невработено лице. Агенцијата за вработување објави специјално соопштение за сите невработени лица кои останале без работа, прочитајте го на овој линк.

3. Чекор

Вдишете длабоко и соочетете се со новата ситуација. Во ред е да бидете лути и незадоволни некое време, но запомнете да ги извлечете позитивните работи (на пример: сте ја напуштиле работата која не сте ја сакале) и мотивирано тргнете напред во потрага по вашата следна кариерна дестинација. Нашите совети за барање работа ќе ви помогнат.

4. Чекор

Започнете со подготовка за барање работа. Направете си свое CV или ажурирајте ги информациите во веќе постоечкото. Ако не знаете како, нашиот портал преку конкретни прашања ќе ве води до совршено CV. Направете профил денес!

5. Чекор

Разгледајте ги можностите за вработување уште веднаш... од нашата актуелна понуда

https://www.vrabotuvanje.com.mk/

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje